ЗОШТО Е НЕОПХОДНО ДА СЕ ИЗГРАДИ КОРИДОР VIII
Анализата има за цел да иницира поширока јавна дебата за бенефитите од изградба на Коридор VIII за државата, за ЕУ и НАТО
Конфликтите низ призма на човековите права
Војните во Украина, Израел, и појасот Газа предизвикуваат спротивставени реакции кај граѓаните на Струмица. Затоа, од суштинска важност е да не се заборават цивилизациските вредности кои сме ги постигнале и вредностите на Европската Унија кон кои се стремиме. Струмичани, без разлика на вера и етнос, треба да се обединети во емпатијата за сите невини цивили во Украина, Израел, Газа и Западниот Брег. Говорот на омраза на социјалните мрежи и селективна осуда на насилство над цивили или поддршка на насилство, може да води кон поделби и радикализација во нашето општество.
Russian "soft power" in North Macedonia
Оваа анализа ќе објасни дека клучните причини за наклонетост на граѓаните кон Русија произлегуваат од ставовите на интелектуалци на клучни позиции во образовни и научни институции, содржини во учебниците кои ја глорифицираат улогата на Русија во Втората светска војна; наклонетоста на политичката елита да поддржи промовирање на руската култура и кога е таа е во функција на државната политика на Русија; отусуството на стратешки документ кој јасно дефинирано кои земји се закана и/или предизвик за националната безбедност и прифаќањето на наративите на Панславизмот и Евроазијанизмот од страна на клучни политичари. Анализата е изработена од Александар Илиев.
Мултиперспективноста подразбира можност за јавна дискусија за историја, јавен пристап до примарни и секундарни историски извори и можност за учество во дискусијата на сите општествени групи. Мултиперспективноста има за цел да ги научи учениците како да размислуваат историски, а не што да мислат за одреден историски настан или лице. Таа во основа е демократски процес бидејќи ги учи индивидуите самите да анализираат, како и индивидуално да донесуваат заклучоци засновани на примарни и секундарни извори. Спротивно на мултиперспективноста е наметнувањето доминантен историски наратив од страна на државата, без можност да се врши оценување на доказите кои ги поткрепуваат, без да се учат граѓаните критички да размислуваат, пропратено со силна морална осуда кон оние кои имаат различен став.
Спречувањето дискриминација преку образованието е долг процес кој треба да вклучи соодветен избор на раководен кадар во училиштата, обука на наставниот кадар, проценка на состојбата со дискриминација во секое училиште и спречување и заштита од дискриминација во самите образовни институции. Дополнително, од суштинска важност е постоење сеопфатен пристап во наставната програма на сите наставни предмети, вклучително и мултиперспективност во историјата, со цел создавање демократски компетентни граѓани кои ги почитуваат човековите права.
Анализа
„Каква е потребата за подобрување на државните капацитети за поддршка на лицата дијагностицирани со аутизам во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија?„, изработена од г-дин Спасе Додевски